Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Деновиве топол бран низ Македонија – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Деновиве топол бран низ Македонија – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Деновиве топол бран низ Македонија – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Скопје/Охрид, 21. јули 2025 (ИНПРЕС) – Под влијание на топла воздушна маса од југ во текот на неделава времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Поради тоа, од министерството за здравство потсетуваат за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури.

Се препорачува престој во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, внесување доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци, да се носи лесна, светла облека и заштита за глава и очи и да се избегнува физичка активност во најтоплите часови од денот.

Особено внимание треба да посветат децата, старите лица, лицата со хронични заболувања и бремени жени.

Посочуваат дека во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс веднаш да се побара медицинска помош. Додаваат дека внимателно ја следат состојбата на дневна основа и ќе се постапува согласно проценките и потребите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утревечер промоција на прозни книги на Тина Иванова и Енис Хилми во Охрид
Next Ана Петановска и Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.