Охрид, 14. август 2025 (ИНПРЕС) – Со учество на шеснаесет поети, музичари и уметници од вкупно од шест држави – Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и домаќинот Република Македонија, утревечер започнува 37. Поетска ноќ во Велестово.
Програмата ќе започне во 21:00 часот во селото Велестово со поетски портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува интернационаланото поетско читање „Имаго“. Ќе биде отворена и изложба на академскиот сликар Стефан Младеновски.
Следните два дена ќе се одржат повеќе интернационални поетски читања на локации во Велестово и во Охрид.
Програма:
Петок, 15.08.2025 година, локација: село Велестово, на сретсело.
21:00 часот: Кус музички концерт на Игор Климовски (соло хармоника)
21:20 часот: „Поетски портрет на Андреј Ал-Асади“, поетско читање и разговор воден од Јулијана Величковска.
22:10 часот: „Имаго“, поетско читање на гостите од странство: Рошин Кели (Ирска), Фарид Хусеин (Азербејџан), Рената Јамбрешиќ Кирин (Хрватска), Мирослав Кирин (Хрватска), Поли Муканова (Бугарија) и Анисија Ангел (Романија).
22:30 часот: „Непредвидливи соочувања“, изложба на слики на Стефан Младеновски во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Велестово.
Сабота, 16.08.2025 година, локација: тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Велестово.
19:00 часот: Промоција на стихозбирка од Мирослав Кирин (Хрватска)
20:00 часот: „Мозаик“, интернационално поетско читање
Учесници: Поли Муканова (Бугарија), Рошин Кели (Ирска), Фарид Хусеин (Азербејџан), Анисија Ангел (Романија), Павлина Атанасова, Марија Ангеловска и Стефан Костоски (Македонија).
Недела, 17.08.2025 година, локација: кафе и бар Shilla, Охрид.
18:00 часот: Промоција на стихозбирка од Фарид Хусеин (Азербејџан)
19:00 часот: „Мозаик #2“, интернационално поетско читање
Учесници: Рената Јамбрешиќ Кирин (Хрватска), Мирослав Кирин (Хрватска), Лулзим Хазири, Емануела Ковачевска Китановска, Ивана Јовановска, Маја Мојсова и Андреј Ал-Асади (Македонија).
– Од повеќе од 200 видови пеперуги во Македонија, дури 166 живеат во Националниот парк „Галичица“. Затоа, постерот за годинешното издание е посветен на пеперугите на Галичица. Да се потрудиме заедно да ги заштитиме и уште долго да уживаме во нивната убавина. Автор на постерот е Андреј Павлов, информираат организаторите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







