Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Штафетно нуркање за мир по повод 80 години Црвен крст Охрид

Штафетно нуркање за мир по повод 80 години Црвен крст Охрид

1 min read
Штафетно нуркање за мир по повод 80 години Црвен крст Охрид

Охрид, 18. август 2025 (ИНПРЕС) – По повод одбележувањето на јубилејот 80 години Црвен крст Охрид, а во рамки на овогодинашното издание на Ohrid Water Festival, ќе се одржи штафетно нуркање за мир (пливање под вода-нуркање на здив).

Ќе се одржи на 25-ти август (понеделник) со почеток во 12:00 часот. Трасата ќе биде во должина од 25 метри кај старото пристаниште, пред хотел „Палас“. При штафетното нуркање на здив можат да се користат и помагала (маска, пераи и сл.).

– Ги покануваме сите оние кои се психофизички здрави и се чувствуваат способни за учество на овој, единствен настан од ваков вид во светот, со што од Охрид, Балканскиот Ерусалим, заеднички ќе испратиме силна порака за мир, почитување и толеранција.Сите заинтересирани од 8-88 годишна возраст можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид на ул. „Димитар Влахов“ бр. 52 (спроти Гимназија), на телефоните 046 261-909 и 070 315-309 и на е-маил ohrid@redcross.org.mk, најдоцна до 23.08.2025 година, информираат од Црвен крст Охрид.

Настанот ќе се реализира на посебно подготвена и обележана патека, а како специјален гостин се очекува човекот „амфибија“, 71 годишниот Јане Петков од Сандански, Бугарија, кој своето учество во оваа подводна штафета за мир ќе го направи со нуркање на 25 метри со една рака врзана за телото.

Од организацијата се надеваат дека овој настан ќе биде инспирација и мотивација за младите и возрасните со спортски дела да се промовираат здравите животни навики и да бидат гласот на разумот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во септември Охрид домаќин на 24. Годишна конференција на Македонска берза во Охрид
Next Броз и Марама со „Сокаци тесни“ ќе настапат на интернационалната вечер на Охрид фест

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.