Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во септември Охрид домаќин на 24. Годишна конференција на Македонска берза во Охрид

Во септември Охрид домаќин на 24. Годишна конференција на Македонска берза во Охрид

1 min read
Во септември Охрид домаќин на 24. Годишна конференција на Македонска берза во Охрид

Охрид, 15. август 2025 (ИНПРЕС) – Од 25-ти до 27-ми септември во Охрид ќе се одржи 24. Годишна конференција на Македонска берза.

Градов уште еднаш ќе биде домаќин на врвни експерти од земјава и од регионот. Воведни обраќања ќе имаат главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Бујаре Абази.

Експертите меѓу другото ќе дискутираат за македонските и регионалните економски перспективи, можностите и предизвиците за IPO и раст на домашни компании, за развојот на пазарот на капитал преку мултифондови и ЕТФ-ови, за важноста на малите берзи, влијанието на ажурираните стандарди за финансиско известување и ревизија, за трендовите во дигиталната трансформација на компаниите…

Според агендата, присутните ќе проследат и повеќе интересни интервјуа. На бината, Штериев ќе одговара на прашањата од новинарот Горан Теменугов, кој воедно е автор и водител на поткастот „Каде се парите?“, а на различни теми од светот на финансиите и берзите, ќе говорат Блаж Бродњак, главен извршен директор на НЛБ – Нова Љубљанска банка, Атила Тот – раководител на Секторот за развој на финансиски пазари и пазари на капитал во ЕБРД, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и извршниот директор на Неотел, Даме Цветковски.

Пријавувањето на заинтересираните за учество е во тек. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти
Next Штафетно нуркање за мир по повод 80 години Црвен крст Охрид

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.