Автобуската постојка за туристи се дислоцира на улица „Партизанска“
July 13, 2023

Охрид, 13. јули 2023 (ИНПРЕС) – Од денес се дислоцира автобуската постојка за туристи на улицата „Кузман Јосифоски- Питу“.

– Се известуваат сите туроператори и туристички водичи од градов дека автобуската постојка за туристи која беше лоцирана на улица „Кузман Јосифоски- Питу“ кај факултетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од денес, 13-ти јули, се дислоцира на улица „Партизанска“ кај студентскиот дом „Никола Карев“, информираат од Општина Охрид.

Уупатуваат апел до превозниците, автобуската постојка да се користи исклучиво за качување и слегување на туристи, а не за паркирање на автобуси. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива