Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • АХВ со засилени контроли во пресрет на велигденските празници

АХВ со засилени контроли во пресрет на велигденските празници

АХВ со засилени контроли во пресрет на велигденските празници

Скопје, 30. март 2026 (ИНПРЕС) – Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава.

Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие нелегалната трговија.

Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на АХВ на терен детално проверуваат дали операторите ги исполнуваат сите општи и посебни услови за безбедност на храната. Во однос на боите за јајца и јајцата, покрај условите за чување и складирање и означувањето, акцент ќе биде ставен и на контролите при увоз, при што на местото на истовар, на физички преглед ќе подлежи секоја увозна пратка.

Со засилен надзор се опфатени маркети, угостителски објекти, специјализирани продавници за јајца, производители и трговци со бои за јајца и нивните увозници, како и месарници и зелените пазари. Со овие активности, АХВ превентивно делува и обезбедува граѓаните да имаат сигурен пристап до безбедни и квалитетни производи за празничната трпеза. Како одговорна институција, апелираме до граѓаните да бидат внимателни и одговорни потрошувачи и храната да ја купуваат исклучиво од одобрени и регистрирани оператори кои се под контрола на Агенцијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во сабота Лазарева поворка за првпат  во Охрид
Next Општина Охрид објави јавен повик за субвенции за набавка на клима уреди

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.