June 30, 2015

Берлин, 30.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Двете најголеми германски фармацевтски компании „Баер“ и „Мерк“ ќе продолжат со испорака на медицински препарати во Грција, без разлика дали на земјата и се заканува банкрот.

– Нема да ги прекинеме испораките на лекови, изјавиле претставници на компаниите „Баер“ и „Мерк“.

Тие нагласиле дека компаниите внимателно го следат развојот на ситуацијата во Грција.((Крај)

извор:МИА фото:архива