December 24, 2015

Загреб, 24. декември (ИНПРЕС) – Дојдов во блиска средина што за мене беше премија. Јазикот, обичаите, културата, се само некои од нештата кои ни се блиски, додека срдечноста и отвореноста на луѓето ви помагаат да се чувствувате како да сте дома.

Ова во интервју за весникот на Заедницата на Македонците во Хрватска „Македонски Глас”, кое го презеде и угледниот хрватски портал Трис, го вели новата амабасадорка на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ.

Пред да дојде во Скопје беше портпаролот на министерката за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ. Исто така, била раководителка на Уредот за односи со јавноста на поранешниот хрватски претседател Степан Месиќ, како и амбасадорка на Хрватска во Републкика Бугарија.

– Веќе ги видов Охрид, Битола, Гостивар и Крива Паланка. Природата ја обдарила Македонија со многу убавини, има јак туристички потенцијал особено кога ќе се заврши целата автопатска структура. Сигурно не сум првиот амбасадор кој ќе каже дека е ова земја на прекрасни луге, мегутоа, тое е навистина така.Тоа ми дава чувство дека не сум странец, туку дел од оваа земја, додава хрватската амбасадорка.

Во интерјуто, таа говори за соработката помеѓу сите земји на мигранстката рута која ја оценува за сè подобра.исибено што овој регион се најде прв на удар од бегалците, па во почетокот не постоеше доволна координација меѓу државите на мигрантската рута.
– Ни самата ЕУ не беше доволно подготвена за брзината со која сето ова се случи, особено ако се земе во предвид дека Турција предупредуваше за огромниот број на мигранти на својата територија и дека сè потешко може да се носи со настанатиот проблем. Во меѓувреме е усвоена заедничка декларација која зборува за нови елементи за соработка меѓу државите на ЕУ и државите кои го чинат првиот круг околу Сирија-Турција, Јордан и Либан, како и со државите од западен Балкан. Хрватска е држава која од влезот на мигрантите во земјата, до нивното излегување, има движење на бегалците под полициска придружба и надзор, и со тоа ќе продолжиме натаму и затоа е важна соработката помеѓу сите земји на мигранстката рута. Сметаме дека Европската комисија би требала да испрати група за констатирање на факти и начин на згрижување на бегалците во сите земји на западнобалканската рута за да би се добил увид и реално да се согледаат состојбите, вели амбасадорката.

Амбасадорката Баришиќ се осврнува и на овогодишниот извештај за сите земји во процесот на проширување, па и за Македонија, кој е подготвен според нова методологија, која дава објективна проценка за вистинската состојба во земјата.

– Она што од хрватското искуство можам да го кажам, процесот на пристапување и реформи е еднакво важен како и самото членство во ЕУ. Затоа што процесот на пристапување кон Унијата секогаш треба да се комбинира со реформи, кои се дел од тој процес, како и со јакнењето на капацитетите на институциите, бидејќи процесот на преговарање всушност значи градење на институциите на државата, спроведување на реформи и нормализација. Исто така, не е флоскула кога се вели дека реформите не се спроведуваат поради Брисел и ЕУ, туку поради самите граѓани. Меѓутоа, тоа е нешто за што станувате свесни дури по спроведувањето на болни и тешки реформи, вели Барешиќ.

Амбасадорката Баришиќ напоменува дека Македонија од Хрватска може да очекува поддршка на својот пат кон европските интеграции, а тоа покрај многуте цврсти ставови за потребата од натамошно проширување на сите состаноци во европските институции, конкретно и соработка на twinning проекти преку Министерството за надворешни и европски работи на РХ, кои се во тек, а се однесуваат на европските работи.

Баришиќ се осврнува и на положбата на Хрватите во Македонија. Како малцинска заедница, тие работаат на тоа да придонесат граѓаните на Македонија подобро да се запознаат со хрватската култура и традиција. Објективна пречка е што се распрснати низ целото подрачје на Македонија. Всушност, најмногу Хрвати има во Скопје и Битола, а во помал број живеат во градови на средна и источна Македонија. Хрвати има околу 2.500, што претставува 0,1 отсто од вкупниот број на жители.

– Договорoт за заштита на правата на хрватското малцинство во Македеонија и македонското малцинство во Хрватска, помеѓу двете влади, потпишан е уште во 2007 година и би требал да им гарантира на Хрватите во Македонија поволна положба и остварување на гарантираните права. Врз основа на тој документ и предлагање на конкретни мерки на владите за подобрување на статусот на едно и друго национално малцинство, досега се одржани само две седници, но се надевам дека во скоро време ќе се одржи наредна седница како навистина би се тргнало кон реализација на Договорот, вели хрватската амбасадорка во Македонија Данијела Баришиќ. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива