Охрид, 24. април 2026 (ИНПРЕС) – Денеска продолжува програмата за одбележување на 121 година од смртта на големиот револуционер Христо Узунов.
Од 11:00 часот ќе биде положено цвеќе пред неговото спомен обележје во градскиот парк, додека во истиот термин ќе се одржи панихида и полагање цвеќе на гробот на Узунов на местото на неговата погибија во кичевското село Цер.

Во спомен – куќата наУзунов од 12:00 часот ќе се одржи свечена програма со драмска изведба на монодрамата „Син на две мајки – последната ноќ пред истрелот“ од страна на учениците Климент Размоски и Леа Шумуликоска од ОСУ „Св.Климент Охридски“ под менторство на професорката Ирена Бачиќ. Настап со родољубиви песни ќе има охридскиот музичар Ѓоко Чеменкоски.
Програмата ќе биде заокружена вечерва со едукативната детска претстава „Христо Узунов низ детските очи“ во изведба на детското драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, со почеток во 19:00 часот во Ohrid Mall. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
