Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Берлинското техно додадено на листата на културно наследство на УНЕСКО

Берлинското техно додадено на листата на културно наследство на УНЕСКО

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Берлин, 15. март 2024 (ИНПРЕС) – Познатата берлинска техно сцена официјално е ставена на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО во Германија.

На листата се вклучени уште пет други германски записи меѓу кои и планинарењето во Саксонија, пишува „Дојче веле“.

Од падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, Берлин стана светски познат по својата енергична техно сцена. Но, многу клубови сè уште страдаат од последиците од пандемијата на коронавирусот.

Луц Лајхсенринг, член на извршниот одбор на „Клабкомишн“ (Clubcommission) во Берлин, мрежа на клубови и културни промотори, вели дека ознаката на УНЕСКО „ќе ни помогне да обезбедиме клупската култура да биде препознаена како вреден сектор достоен за заштита и поддршка“.

Според УНЕСКО, нематеријалното културно наследство се однесува главно на културни форми на изразување, кои се директно поврзани со човечката креативност и традициите, а кои луѓето ги пренесуваат низ генерации и постојано се развиваат.

Ова меѓу другото, вклучува практики, ритуали, вештини и изведувачки уметности како што се музиката, танцот и театарот, кои треба да се сочуваат и да се одржуваат во живот. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

Post navigation

Previous Охридските кошаркари в недела играат со Феникс
Next ЛШ 1/4 финале: Нов дуел на Реал Мадрид и Манчестер Сити

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.