Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Билтен на СВР Охрид: Пронајден кокаин, физичка пресметка, семејно насилство…

Билтен на СВР Охрид: Пронајден кокаин, физичка пресметка, семејно насилство…

1 min read

Охрид, 13. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Билтенот на СВР Охрид носи информации за пронајден кокаин во угостителски објект во Охрид, физичка пресметка и семејно насилство, сите случени во текот на изминатото деноноќие.

На 12-ти октомври 2024 година, во 02:10 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 24-годишно лице од Скопје затоа што кај него бил пронајден кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај, на 12-ти октомври 2024 година, во 17:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во селото Белчишта, општина Дебрца, три лица физички, а потоа и со дрвен предмет нападнале 40-годишно лице од Охрид. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12-ти октомври 2024 година, во 18:35 часот во село во општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид, лишија од слобода 69-годишно лице од Охрид, кој, во викенд куќа во селото агресивно се однесувал кон членови на семејството и им се заканувал со огнено оружје. Од него одземен е пиштол „Црвена Застава“ и куршуми калибар 9 милиметри. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Наскоро ќе се откријат авиокомпаниите пријавени за новите линии од Охрид и Скопје
Next СВР Охрид: Во хотел во Охрид почина лице од Шкотска, учесник на школа за млади лидери

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.