Билјана Белевска Пројковска од Основен суд Охрид избрана за судија на Апелациониот суд Битола
January 23, 2025

Охрид, 23. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Билјана Белевска Пројковска, судија на Основен суд Охрид е меѓу избраните четворица судии на Апелациониот суд Битола.

Со 13 гласа „за“ таа е избрана за судија за кривична област, а беше прворангирана од Комисијата за судија од кривичната област.

Членовите на Судскиот Совет за судии за битолска Апелација за граѓанска област ги избра Ристо Сотиров, Дејан Крстанов и Александар Илиевски, сите судии на Основен Суд Битола.

Судскиот Совет расправаше и по известувањето од Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на судови и донесе Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Врховен суд на Република Македонија, Основен суд Берово, Основен суд Делчево, Основен суд Охрид и Основен суд Радовиш. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива