Охрид, 15. март 2023 (ИНПРЕС) – Бродот „Галеб“ делумно е изваден на копно кај влезот во каналот „Студенчишта“.
Читатели на InPress до нашата редакција испратија фотографии. Контактиравме со надлежните од бродот и ни кажаа дека тоа е направено заради редовна регистрација на пловилото.
– Ќе правиме редовна регистрација и очекуваме да дојдат овластени лица од фирма од Србија. Од нив зависи, побарано е бродот да се извади и чекаме да дојдат, велат за InPress од бродот „Галеб“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес







