Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бугарскиот клуб „Цар Борис III“ избришан од Централниот регистар

Бугарскиот клуб „Цар Борис III“ избришан од Централниот регистар

1 min read

Охрид, 4. април 2023 (ИНПРЕС) – Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари „Цар Борис III“ со седиште во Охрид е избришано од Централниот регистар.

Како образложение е наведено неусогласеност на името и/или називот, скратено име, програмата, целите и дејностите, согласно член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации.

Нема достапен опис

Министерот за правда Кренар Лога неодамна го потпиша решението за неусогласеност врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари „Цар Борис III“ во Охрид. Од Министерството за правда на Република Македонија укажуваа дека постапуваат согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации.

Претходно, Комисијата за имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението.

Клубот „Цар Борис III“ беше отворен на 7-ми октомври 2022 година во Охрид од страна на Здружението кое го носи истото име, а беше формирано претходно. Истовремено со отворањето на клубот, пред просториите каде се наоѓа, беше организиран протест, кој помина без инциденти иако на моменти атмосферата беше тензична. Седиштето на Здружението во три наврати беше мета на уништување, со кршење на стаклата на канцеларија и оштетување на светлечката реклама. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Водостојот на Охридското Езеро останува далеку под просекот за овој период од годината
Next Средношколска крводарителска акција

Слични вести

Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“ Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“

Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“

Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера
1 min read

Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера

Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026 Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026
1 min read

Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.