May 19, 2015

Белград, 19. мај 2015 (ИНПРЕС) – Конфликтот во Куманово и поврзаноста со косовските терористи, сеуште не е разјаснет, наведува во интервју за српскиот весник Danas известувачот на ЕП за Македонија, Иво Вајгл.

– Не би сакал да коментирам никакви изјави, кои се поврзани со настаните во Куманово. Мислам дека тие треба да бидат испитани и да биде даден конечен одговор на сите прашања, изјавил Вајгл за српскиот весник.

Според него, ситуацијата во Македонија не е многу јасна, како и односите на политичките сили и нивните намери. (Крај)

извор: focus.bg фото: архива