Скопје, 24. април 2026 (ИНПРЕС) – Основниот Кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи 30 деневен притвор за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини.
Мерката притвор, како што информираат од судот е определена поради основано сомневање дека лицето сторило кривично дело проневера во служба. Воедно, судот оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази во текот на постапката.
Осомничениот, во периодот од ноември-декември 2024 година, како службено лице, претседател на ФФМ, прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје, односно износ што надминува значителна имотна корист. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
