Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вело тура Охрид-Струга-Радожда оваа сабота во организација на ИПА Охрид

Вело тура Охрид-Струга-Радожда оваа сабота во организација на ИПА Охрид

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид/Струга, 6. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Со отворање на ИПА Вело експо и ИПА Вело штанд утревечер од 19:30 часот на градското пристаниште во Охрид, Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), регион Охрид, го започнува годинашниот ИПА Вело викенд „На точак, Охрид и Струга да видам“.

Рекреативната велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда ќе се одржи во сабота, 8-ми јуни, со почеток во 08:00 часот од градското пристаниште.

ИПА вело турата Охрид – Струга – Радожда, постанува се поатрактивна за вљубениците во рекреативниот велосипедизам, а годинава, свое учество пријавија над 100 учесници од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија.

Преку оваа вело кампања ИПА Охрид, по осми пат ја афирмира идејата за велосипедско поврзување на двата крајезерски града Охрид и Струга, со современо уредена, безбедна и функционална велосипедска патека.

– Денеска, кога државите градат велосипедски автопати, крајно време е, и во охридско-струшкиот регион на Македонија, да имаме безбедни вело патеки а не, да возиме покрај автомобилите, автобусите и камионите, ставајќи се во сериозна и опасна ситуација како ранлива категорија учесници во сообраќајот. Не сакаме повеќе жртви-велосипедисти на нашите небезбедни патишта, на кои нема ни трага ни глас од современи вело патеки.
Кампањата има за цел, да ги поттикне надлежните од двата крајезерски града- идеални места за велосипедизам, конечно и сериозно да пристапат кон проект за меѓусебно велосипедско поврзување и изградба на безбедна вело патека означена со современа хоризонтална и вертикална сообраќајна велосипедска сигнализација, велат од ИПА Охрид.

Додаваат дека Охрид и Струга како атрактивни туристички центри во Македонија, треба многу повеќе да направат за ширење на мрежата на велосипедски патеки што силно ќе ги подигне на балканските и светските вело туристички мапи, ќе се збогати туристичката понуда, ќе се привлечат многу повеќе туристи што ќе е огромен бенефит за охриѓани, стружани, за хотелско-туристичките работници, за рент а бајк агенциите и секако, за туристите од Македонија и светот.

Возењето велосипед е љубов, спорт, потреба, рекреација, незаборавна авантура и неповторливо доживување. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Водостојот на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
Next Денеска и утре боево гаѓање на стрелиштето „Бејбунар“, граѓаните да ги почитуваат безбедносните насоки

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.