Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Ветераните од безбедноста и одбраната – пример за добрососедска соработка

Ветераните од безбедноста и одбраната – пример за добрососедска соработка

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 25. март 2017 (ИНПРЕС) – Во овој актуелен момент, мирот, безбедноста и взаемното почитување и разбирање, се од животна важност, не само за граѓаните во нашата земја, туку и во соседството и регионот, рече на денешното годишно собрание на огранокот за Охрид, Струга, Дебар, Ростуше и Маврови Анови, претседателот на Сојузот на здруженијата не ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонјија, генерал Филип Котели.

Filip Koteli

Тој додаде дека не случајно една од нивните средишни активности се нарекува „Чекори за мир”.

Нашето членство, напомена Котели, е пример како треба да се соработува со сличните асоцијации од соседството. Огранокот од Охрид, кој е најброен и најактивен во земјата, соработува со ветераните од два бугарски града, како и со нивните колеги од повеќе албански градови.

Потврда за тоа беше бројната делегација со дваесетина ветерани од Република Албанија, од тамошното Здружение на грагани – поранешни припадници на армијата, предводена од секретарот на Здружението, Енвер Ајдари.

Koteli- Ajdari....

Самиот претседател, Колонел Тома Кондури, во неможност да допатува во Охрид, испрати специјалнo поздравно послание.

Poslanie

Во Охрид беа и претседателот на огранокот за Корча, Кочо Теле, за Поградец, Перикли Дима, а беше донесена одлука, во иднина, во соработката да се вклучи и огранокот за Пешкопеја, односно Мал Дебар.

Домаќините од Охрид, заедно со гостите од Албанија, како и од Тетово, Кичево, Дебар и други градови во земјата, најнапред другаруваа низ спортски активности и натпревари во дисциплионите: шах, стрелаштво, пинг понг и пикадо, а потоа имаа заеднички ручек и веселба во хотелот „Нова Ривиера” во Охрид. (Крај)

извор: Инпрес фото: Инпрес

Post navigation

Previous Со динамит усмртени 20 тони риба
Next Музалас во интервју за „Шпигел” – Грција веќе не може да прима бегалци

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.