Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вечерва почнува 67-та Евровизија, Македонија по две децении без претставник

Вечерва почнува 67-та Евровизија, Македонија по две децении без претставник

1 min read

Ливерпул, 9. мај 2023 (ИНПРЕС) – Вечерва во Ливерпул започнува 67-от Избор за песна на Евровизија, годинава под мотото Обединети од музика“.

На сцената во Ливерпул Арена ќе се појават претставници на 37 земји, а годинава за првпат по две децении Македонија нема свој претставник. Покрај нас, учеството го повлекоа и Бугарија и Црна Гора. Од земјите од регионот, Србија и Хрватска ќе настапат вечерва, на првото полуфинале, додека Албанија и Грција ќе се претстават во втората полуфинална вечер, в четврток.

Eurovision 2023 reveals its logo and slogan | Euronews

Церемонијата на тиркизниот килим, беше отворена во неделата попладне во градот домаќин на музичкиот натпревар.

Вечерва ќе бидат изведени 15 композиции, додека на втората полуфинална вечер 16 песни.

Eurovision 2023: Semi-Final running orders revealed!

Ќе се квалификуваат десетте најдобри земји од секое полуфинале, кои ќе се сретнат со големата петорка, како и со минатогодишниот победник Украина во големото финале во сабота на 13-ти мај.

Според обложувалниците, најголеми шанси за победа годинава има шведската претставничка Лорин (Loreen), која веќе еднаш победи, во 2012 година со „Euphoria“.
Доколку победи и годинава, Лорин ќе биде втората пејачка во историјата што победила два пати на овој натпревар. Ирскиот пејач Џони Логан е единствениот што досега победил три пати на ова натпреварување – два пати како изведувач и еднаш како автор на песна.

Покрај Шведска, обложувалниците поголеми шанси за победа им даваат и на Финска, Франција и Украина, а најмали на Романија, Латвија и Албанија.

МРТ ќе врши директен пренос на двете полуфинални вечери и финалето в сабота од 21:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Вработените во ДИЦ го продолжуваат штрајкот, од МОН бараат да ги измени датумите за полагање на матурата
Next Прво регионално младинско првенство во шах ,,Lake Queen School Cup 2023”

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.