Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро е на 7 сантиметри над априлскиот просек

Водостојот на Охридското Езеро е на 7 сантиметри над априлскиот просек

Водостојот на Охридското Езеро е на 7 сантиметри над априлскиот просек

Охрид, 7. април 2026 (ИНПРЕС) – Од почетокот на месецов водостојот на Охридското Езеро бележи пад, но и понатаму е над просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,64 м.н.в, што е за 7 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,57 м.н.в) и 54 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).

Во првата половина на минатиот месец  езерскиот водостој беше многу блиску до максималната граница 693,75 м.н.в, по што во континуитет се бележеше намалување. Последнава недела се бележи пад од 4 сантиметри.

Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 20 степени.

– Од среда и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток температурите ќе бидат во позначително опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous 16 охридски ученици ќе учествуваат на утрешниот регионален натпревар „Млади библиотекари“
Next Здравје: Исхрана после 50-та – Две најчести грешки што ги прават жените

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.