Охрид, 7. април 2026 (ИНПРЕС) – Од почетокот на месецов водостојот на Охридското Езеро бележи пад, но и понатаму е над просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,64 м.н.в, што е за 7 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,57 м.н.в) и 54 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).
Во првата половина на минатиот месец езерскиот водостој беше многу блиску до максималната граница 693,75 м.н.в, по што во континуитет се бележеше намалување. Последнава недела се бележи пад од 4 сантиметри.
Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 20 степени.
– Од среда и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток температурите ќе бидат во позначително опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
