Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро за 2 сантиметри повисок од просекот за декември

Водостојот на Охридското Езеро за 2 сантиметри повисок од просекот за декември

Водостојот на Охридското Езеро за 2 сантиметри повисок од просекот за декември

Охрид, 13. декември 2023 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро е на два сантиметри над просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,34 м.н.в, што е за 2 сантиметри над просекот за декември (693,32 м.н.в) и 24 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Од почетокот на месецов водостојот на езерото се движи околу оваа кота.

Температурата на водата е 9,5 степени и е за речиси 3,5 степени пониска од просечната.

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.

– Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни. Во петок и сабота ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, а температурите насекаде ќе опаднат, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Република Македонија во октомври ја посетиле 67 илјади странски туристи
Next До ноември собрани речиси 19,5 милиони денари приход од туристичка такса, најмногу гости имало во јули и август

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.