Водостојот на Охридското Езеро неколку дена е на природната кота 693,17 м.н.в
February 10, 2025

Охрид, 10. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро изминативе неколку дена е на природната кота од 693,17 м.н.в.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е за 22 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,39 м.н.в) и само 7 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 9 степени и е за 2,5 степени повисока од просечната.

Од втората половина на јануари забележливо е намалување на нивото на водата во Охридското Езеро, а тој „тренд“ продолжува и во текот на овој месец.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени.

– До среда ќе се задржи стабилно и суво време со студени утра, а потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст. Во среда во текот на ноќта и во четврток се очекуваат повремени локални врнежи претежно од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР