Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро останува далеку под просекот за овој период од годината

Водостојот на Охридското Езеро останува далеку под просекот за овој период од годината


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 4. април 2023 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму е под месечниот просек.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,28 м.н.в, што е за 29 сантиметри под просекот за април (693,57 м.н.в), односно 18 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 8 степени и е за 2,3 степени пониска во однос на месечниот просек.

Нема опис за фотографијата.

Иако од минатиот месец езерското ниво е во константен раст, сепак тоа не е доволно да се достигне месечниот просек.

Колку за споредба минатиот април езерскиот водостој го достигна просекот за овој период од годината, а имаше и ситуација во 2018 година кога езерското ниво ја достигна и критичната кота од 694 м.н.в.

Нема достапен опис

Април 2018

Нема достапен опис

Април 2018

Нема достапен опис

Април 2023

Во Охрид денес променливо облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени.

– Утре времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Од утре до петок утринските температури на места ќе се спуштаат под нула, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Жителите на „Карпош Војвода“ неколку часа без вода
Next Бугарскиот клуб „Цар Борис III“ избришан од Централниот регистар

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.