Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно

Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно

Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно

Охрид панорама од стариот дел пристаниште кеј центар

Охрид, 11. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Во месец април 2026 година во Охрид биле издадени девет одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Во пет случаи како инвеститор се јавува физичко лице, додека четири одобренија се издадени на правен субјект. Предвидена е градба на 100 станови, најмногу двособни, со вкупна корисна површина од 6.090 м². Во анализираниот период во Општина Струга е издадено едно, додека во Дебрца не се издадени одобренија за градба.

На ниво на Република Македонија, во април 2026 година издадени се 291 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 208 се наменети за објекти од високоградба, 27 за објекти од нискоградба и 56 за објекти за реконструкција. Од вкупно 291 објекти, на 197 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 94 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 722 станови, со вкупна корисна површина од 65.663 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
Next 11. Меѓународен џудо турнир „Struga Open 2026“ викендов во Охрид

Слични вести

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година
1 min read

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција
1 min read

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.