Охрид, 7. август 2023 (ИНПРЕС) – Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во спортската сала при ООУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид.
Акцијата ќе се одржи во вторник, на 8-ми август 2023 година, во периодот од 19:00 до 24:00 часот и во среда, на 9-ти август, во периодот од 09:00 до 13:00 часот.
– Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција, потенцираат од Црвен крст Охрид.
извор: ИнПрес фото: архива