Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Македонија
  • Во Косово ќе се прави нова обдукција врз деветтемина убиени косовски Албанци

Во Косово ќе се прави нова обдукција врз деветтемина убиени косовски Албанци

1 min read

Скопје/Приштина, 22. мај 2015 (ИНПРЕС) – Роднините на убиените вчера попладне пристигнаа во Скопје со полициско обезбедување и комбиња што им служеа за транспорт. Трошоците за транспорт ги покриваат семејствата.

Во Косово ќе биде направена нова обдукција врз телата на деветтемина убиени косовски Албанци, припадници на вооружената криминално-терористичка група која пукаше врз полицијата во Куманово. Телата, рано утрово, во придружба на нивните роднини, беа префрлени во Приштина. Роднините ги презедоа телата на убиените од градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Директорот на косовската судска медицина, Арсим Грџали, изјавил дека обдукцијата ќе биде направена по разговорите со роднините на убиените. Датумот на нивниот погреб дополнително ќе биде соопштен, откако ќе биде завршена аутопсијата, пренесуваат косовските медиуми.

Роднините на убиените вчера попладне пристигнаа во Скопје со полициско обезбедување и комбиња што им служеа за транспорт. Трошоците за транспорт ги покриваат семејствата, нивни претставници или претставници на косовските власти.

Министерството за надворешни работи на Македонија ја информира Амбасадата на Косово во Македонија дека веќе е извршена обдукција и идентификација на загинатите припадници на терористичката група во Куманово.

Во полициската акција од деветти и десетти мај, во Дива населба во Куманово загинаа 10 припадници на терористичката група, потврдија од Oбвинителството. Девет се од Косово, и еден е од Македонија.

– При увидот на самото место, пронајдени се десет трупа, за кои по извршената обдукција се утврдило дека припаѓаат на терористичката група, стои во официјалното соопштение на Обвинителството. (Крај)

извор: Телеграф.мк фото: архива

Post navigation

Previous Дачиќ – Македонија е проблем за ОБСЕ и за целиот регион
Next Бугарската еврокомесарка Георгиева назначена за копретседател за хуманитарна помош на ОН

Слични вести

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“ Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“
1 min read

Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“

Во март во Охрид издадени шест одобренија за градба, во Струга девет, а во  Дебрца две Во март во Охрид издадени шест одобренија за градба, во Струга девет, а во  Дебрца две

Во март во Охрид издадени шест одобренија за градба, во Струга девет, а во  Дебрца две

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.