August 1, 2023

Охрид, 1. август 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 31. степени.

– До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата. Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на температурата, информираат од УХМР.

извор: УХМР фото: ИнПрес