Охрид, 19. август 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.
– Денес во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а наместа ќе има услови за слаб дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло, информираат од УХМР.
извор: УХМР фото: ИнПрес








