Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во февруари втор владин повик за финанасирање инфраструктурни проекти, на првиот за Општина Охрид одобререни 10 проекти

Во февруари втор владин повик за финанасирање инфраструктурни проекти, на првиот за Општина Охрид одобререни 10 проекти

1 min read
Во февруари втор владин повик за финанасирање инфраструктурни проекти, на првиот за Општина Охрид одобререни 10 проекти

Штип/Охрид, 21. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Во првата недела на февруари ќе биде објавен вториот јавен повик за изразување на интерес од страна на општините за финанасирање на инфраструктурни проекти со средства обезбедени од унгарскиот кредит, најави министерот за лолална самоуправа Златко Перински.

Тој очекува на следната владина седница на 27-ми јануари да помине точката за да се распише јавниот повик.

– Задоволни сме од работењето на локалните самоуправи заради тоа што повеќе од 200 од вкупно 288 проекти што се контрактираа за да добијат средства од централниот Буџет, веќе се склучени договорите и ќе влезат во фаза на изведба. Само два од овие 288 договори ќе треба повторно да се објават заради технички проблеми при јавните набавки. Очекуваме со подобрување на временските услови, градежна и екномска експанзија на целата територија, изјави министерот Перински.

Општина Охрид на првиот објавен повик аплицираше со 10 проекти и сите беа одобрени, а се од областа на животната средина и просторното планирање.

Десетте општински проекти што се одобрени се:

– Реконструкција на улица во село Пештани;
– Реконструкција на улица во село Подмоље;
– Реконструкција на улица во село Долно Лекочереј;
– Реконструкција на водоводна линија на улицата „Кленоец“ – ЛТХ „Леарница“;
– Реконструкција на пешачки улици во рамките на Градските гробишта во Охрид;
– Реконструкција на локален пат од крстосница за село Рамне до црквата „Свети Атанасиј“;
– Проект за замена на постоечка опрема во пумпна станица „Метропол“;
– Реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа за дел од улицата „Кленоец“;
– Реконструкција на улица во село Опеница која води до црквата „Свети Кузман и Дамјан“ и
– Рехабилитација на дел од локален пат за село Куратица.

Од локланата најавија и дека ќе се работи и на подобрување на условите за живеење во сите урбани и рурални средини во Општина Охрид, а за следниот владин јавен повик меѓудругото ќе се бараат средства за проектот за Свињишки извори. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Љутков: Театрите однапред ќе добиваат одредена сума на буџет, со кој ќе ги реализираат своите програми
Next Објавен конкурсот за најдобра песна за деца „Тоде“

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.