Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Љутков: Театрите однапред ќе добиваат одредена сума на буџет, со кој ќе ги реализираат своите програми

Љутков: Театрите однапред ќе добиваат одредена сума на буџет, со кој ќе ги реализираат своите програми

1 min read
Љутков: Театрите однапред ќе добиваат одредена сума на буџет, со кој ќе ги реализираат своите програми

Велес, 21. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Ќе се промени начинот на финасирање на програмските активности на театрите во Македонија, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Театарите во земјава по примерот на фестивалите, првпат, однапред ќе добиваат одредена сума на буџет, со кој ќе ги реализираат своите програми, а потоа на крајот на годината министерство за култура и туризам со нивните тимови ќе вршат евалуација на проектите кои се изработени, колку карти се продадени, на колку фестивали бил театарот, колку успеси има постигнато, што направиле со средствата во дадената институција, рече Љутков при посетата на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.

– На тој начин и самите менаџери на институциите, во случајот директорот на Велешки театар и останатите директори ќе носат многу поголема одговорност, кон програмата. Дали ќе се формираат како уметнички Совет, дали ќе има уметнички директор или ќе има креативен тим кој ќе ги изработува програмите во наредната година, тоа ќе биде слободен избор на самата институција, појасни министерот Љутков, додавајќи дека тие како министерство за култура и туризам ќе го следат овој процес и во однос на тоа како е завршена работата и таков ќе им биде буџетот за наредната 2026 година.

Најави дека резултатите од конкурсот за Годишната програма за култура ќе се знаат на крајот на јануари. (Крај)

извор: Frontline фото: архива

Post navigation

Previous Меланија Трамп лансираше своја криптовалута
Next Во февруари втор владин повик за финанасирање инфраструктурни проекти, на првиот за Општина Охрид одобререни 10 проекти

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.