Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Македонија
  • Вучиќ – Србија не ја разниша политичката ситуација во Македонија

Вучиќ – Србија не ја разниша политичката ситуација во Македонија

Белград, 4. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Политичката ситуација во Македонија била едно од прашањата за кои српскиот премиер Александар Вучиќ разговарал со советникот на американскиот претседател за национална безбедност Сузан Рајс.

Како што пренесе Македонската телевизија, Вучиќ рекол дека Србија не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија и дека е горд што Србија на никаков начин не влијаела на кризата.

– Многу кратко разговаравме. Јас кажав дека сум многу задоволен и горд на фактот дека Србија на никаков начин не влијаеше за создавање или продлабочување на кризата во Македонија. Ја сметаме Македонија за наш пријателски сосед и секогаш ќе имаме таков однос. На никој начин не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на Македонија. Јас мислам дека тоа е еден фер, коректен и многу чесен пристап. Имавме таков во Белград и овде исто во Вашингтон, изјави Вучиќ по средбата со Сузан Рајс.

На Капитол Хил, српскиот премиер се сретна и со претседавачот со Сенатскиот одбор за оружените сили, сенаторот Џон Мекејн. Во Вашингтон, Вучиќ треба да се сретне и со помошникот државен секретар Викторија Нуланд, како и со европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, кој е во посета на САД. (Крај)

извор: Плус Инфо фото: архива

Post navigation

Previous Уапсени членови на криминалната група „Пинк Пантер“
Next Коѕијас – Деталите од договорот за градење доверба ќе се објават наскоро

Слични вести

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година
1 min read

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција
1 min read

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција

Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно

Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.