Охрид, 17. март 2023 (ИНПРЕС) – „Гладијаторите“ со полн интензитет се подготвуваат за натпреварите од Купот на Македонија, закажани за претстојниот викенд.
Во рамки на групата 1 од четвртфиналните средби, ГРК Охрид утре во Скопје се среќава со Вардар.
Атмосферата во екипата е одлична, во погон се сите играчи со исклучок на Даниел Андоновски и Абдерахим Боурдали, кои сé уште се опоравуваат од повредите.

– Не одиме со бело знаме во Скопје на мечот со Вардар. Ќе дадеме сé од себе на натпреварот со тешкиот противник, кој ќе го искористиме и за подигање на формата за исклучително значајните мечеви од плејофот кои ни следат, изјави шефот на стручниот штаб Горан Андоновски.

Натпреварот ќе се одигра во салата „Јане Сандански“ од 17:00 часот. Победникот од оваа средба ќе вкрсти со подобриот од дуелот РК Јуниор КВ и РК Скопје. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







