Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Градоначалникот Стојаноски во работна посета на Софија

Градоначалникот Стојаноски во работна посета на Софија

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид/Софија, 17. Февруари 2018 (ИНПРЕС) – Охридскиот градоначалник Јован Стојаноски оствари работна посета на Софија, Република Бугарија.

Тој се сретна со градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова. На состанокот беше присутен и заменик градоначалникот на Софија, д-р Тодор Чобанов, задолжен за култура, едукација, спорт и туризам и ЕУ фондови.

Заеднички беше заклучено дека Бугарија како членка на ЕУ има големо искуство за користење на ЕУ фондовите, а тоа искуство ќе биде од голема помош за општина Охрид. Била изразена волја за продлабочување на соработката и искористување на стручна помош од бугарска страна.

poseta_sofija

poseta_sofija3

Во рамки на престојот Стојаноски ги посети учениците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј” кои во рамки на “Me Doctor” проектот од „Erasmus +“ програмата се на неколкудневна пракса во софиската универзитетската болница „Александровска“. Градоначалникот беше примен од бордот на директори на болницата предводен од извршниот директор проф. д-р Костадин Ангелов. Раководството на болницата изрази огромно задоволство од остварената соработка, квалитетот и посветеноста на учениците. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Општина Охрид

Post navigation

Previous Грција ја повика Турција да го почитува меѓународното и европското право
Next Општинска делегација во посета на Александровац по повод празникот на градот

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.