Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Граѓаните бараат чести контроли за паркираните автомобили на тротоар на улицата „Питу Гули“ (Фото)

Граѓаните бараат чести контроли за паркираните автомобили на тротоар на улицата „Питу Гули“ (Фото)

1 min read
Граѓаните бараат чести контроли за паркираните автомобили на тротоар на улицата „Питу Гули“ (Фото)

Охрид, 26. март 2026 (ИНПРЕС) – Автомобили на тротоар и велосипедска патека – паркирани или со вклучени четири трепкачи, ваква е секојдневната слика долж улицата „Питу Гули“ во Охрид.

Читатели на InPress до редакцијата испратија фотографии како потврда, велат за да се стигне од еден до друг крај на улицата повеќе одиме по коловоз отколку по тротоар, проблем е и поминувањето со детска количка. Со затоплувањето на времето дополнително ќе треба да внимаваме и на скутерите оставени на тротоар.

Вакви состојби има и на други локации низ градот, но оние кои секојдневно ја користат оваа улица сметаат дека тука состојбата е значително сериозна поради населеноста, бројните деловни субјекти, големата фрекфенција на луѓе и возила.

Граѓаните бараат почитување на сите постоечки законски регулативи и истите да важат подеднакво за сите, почести контроли на надлежните и подигнување на сообраќајната култура. Човечкиот фактор е еден од клучните елементи кои влијаат на нивото на безбедност во сообраќајот.

Од скоро системот „Безбеден град“ значително придонесе за подобрување на почитување на сообраќајните правила и прописи и подигнување на нивото на сообраќајна култура. Пред почеток на сезоната најавено е да почне да функционира и во Охрид, а акцент ќе биде ставен на местата каде што се забележува брзо и хаотично возење или непрописно паркирање.

Процесот на промена на навиките и културата на однесување во сообраќајот е бавен, но затоа секој од нас преку личен пример треба да придонесе за побезбеден сообраќај. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Лани Охрид добил 6 нови магистри и еден доктор на науки
Next 2Bona и Лозано ја објавија првата заедничка песна „Минус и плус“

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.