Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Македонија
  • Грција конечно го ратификуваше Меѓународниот договор меѓу трите земји за паркот Преспа

Грција конечно го ратификуваше Меѓународниот договор меѓу трите земји за паркот Преспа

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје/Атина/Тирана, 17. февруари 2017 (ИНПРЕС) – По повод обележувањето на Денот на водните живеалишта и ратификувањето на Меѓународниот договор за паркот Преспа, невладините здруженија од областа на екологијата ги повикаа трите земји, Република Македонија, Република Грција и Република Албанија, да ги интензивираат работите за виспоставувањето на прекуграничниот парк Преспа.

Грчкиот парламент на 14-ти овој месец, со мнозинство го ратификуваше Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на паркот Преспа. Договорот беше потпишан во 2010 година, но Грција го одложуваше ратификувањето цели седум години. Но, сега договорот е подготвен да стапи на сила и да се спроведе.

Меѓународниот договор за паркот Преспа повторно се здобива со оптимистичка симболика, негување на пријателството и мирен соживот за одржлив просперитет за локалните општества врз основа на заштитата на животната средина.

Проектот е заедничка иницијатива на ПреспаНет, која ја сочинуваат Македонското еколошко друштво (МЕД) од Македонија, Друштвото за заштита на Преспа од Грција, и Друштвото за зачувување на животната средина во Албанија заедно со Еуронатур од Германија и Кора од Швајцарија. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Post navigation

Previous Демоли: Албанија и Косово заедно ќе реагираат на секоја провокација
Next Дојче Веле: Дежаву со Грција и нејзиниот долг

Слични вести

Повторно кружат лажни пораки за наплата на сообраќајни прекршоци Повторно кружат лажни пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
1 min read

Повторно кружат лажни пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини 30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини
1 min read

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.