Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Скопје/Атина/Тирана, 17. февруари 2017 (ИНПРЕС) – По повод обележувањето на Денот на водните живеалишта и ратификувањето на Меѓународниот договор за паркот Преспа, невладините здруженија од областа на екологијата ги повикаа трите земји, Република Македонија, Република Грција и Република Албанија, да ги интензивираат работите за виспоставувањето на прекуграничниот парк Преспа.
Грчкиот парламент на 14-ти овој месец, со мнозинство го ратификуваше Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на паркот Преспа. Договорот беше потпишан во 2010 година, но Грција го одложуваше ратификувањето цели седум години. Но, сега договорот е подготвен да стапи на сила и да се спроведе.
Меѓународниот договор за паркот Преспа повторно се здобива со оптимистичка симболика, негување на пријателството и мирен соживот за одржлив просперитет за локалните општества врз основа на заштитата на животната средина.
Проектот е заедничка иницијатива на ПреспаНет, која ја сочинуваат Македонското еколошко друштво (МЕД) од Македонија, Друштвото за заштита на Преспа од Грција, и Друштвото за зачувување на животната средина во Албанија заедно со Еуронатур од Германија и Кора од Швајцарија. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
