March 7, 2023

Охрид, 7. март 2023 (ИНПРЕС) – Фудбалерите на Охрид Лихнидос утре ги продолжуваат натпреварите во Втората македонска лига.

Во рамки на 19-то коло на домашен терен ја пречекуваат екипата на Арсими.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Билјанини извори“ од 14:00 часот. „Рибарите“ се седми на табелата, со 26 бодови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива