Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

1 min read
Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Охрид, 16. март 2026 (ИНПРЕС) – Давид Велковски, интернационален судија во Таеквон-До ИТФ и претставник на Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ), учествуваше на Европски семинар за судии што се одржа во Бугарија.

Овој семинар претставуваше одлична можност за професионално усовршување и размена на искуства со врвни судии од цела Европа.

– Семинарот беше организиран под покровителство на Бугарската Таеквон-До ИТФ федерација, а предавач беше Гранд Мастер Гери Милер, носител на црн појас 9-ти дан и еден од најпочитуваните експерти во Таеквон-До заедницата. Неговите предавања и практични насоки беа насочени кон подобрување на судиските стандарди, правилната интерпретација на правилата и унапредување на судењето на меѓународни натпревари. Учесниците имаа можност да ги надградат своите знаења, да дискутираат за предизвиците во судењето и да се усогласат со најновите стандарди во Таеквон-До ИТФ, информираат од МТТФ.

По успешно завршениот семинар, Велковски, како интернационален судија, ќе учествува  на претстојното Европско првенство во Таеквон-До ИТФ, што ќе се одржи во Хераклион, на островот Крит во Грција, во периодот од 19 до 26 април. На ова првенство ќе учествува и Македонската традиционална таеквондо федерација со свои претставници, со што дополнително се потврдува активното учество и присуство на Македонија на европската таеквондо сцена. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров
Next Да се комплетира заштитната ограда на патеката Канео – Плаошник – Лабино (Фото)

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.