Охрид, 3. јули 2023 (ИНПРЕС) – Дејан Чолески и Благоја Трајчевски од клубот за Бразилска ЏиуЏица „Д Стронгест“ од Охрид се први охриѓани кои се стекнаа со црн појас во оваа боречка вештина.
Бразилската ЏиуЏица поради ММА и УФЦ зема се поголем замав.
– За да се стекнеш со црн појас во БЏЏ (како се нарекува оваа вештина) потребни се најмалку 10 години активно вежбање. На шега кажано, за помалку време се станува доктор, велат од „Д Стронгест“.
Чолески и Трајчевски до овој успех стигнаа под водство на Претседателот на БЏЏ федерацијата професор Ивица Алексовски и професор Роберт Наумоски. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива