Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Две деца ќе одат во затвор зашто искинале постер на Ердоган?!

Две деца ќе одат во затвор зашто искинале постер на Ердоган?!

1 min read

Анкара, 28.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Турското државно обвинителство покрена обвиненија против две деца, на возраст од 12 и 13 години, поради навреда кон претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган, зашто го искинале постерот со неговиот лик, јавија денеска локалните медиуми.

Тоа е најнов случај малолетници да се изведуваат пред суд под слично обвинение, што повторно под лупа ја става проблематичната слобода на говор во Турција, пренесоа француските медиуми.

Државниот обвинител во најголемиот курдски град Дијарбакир за децата побарал затворски казни во траење меѓу 14 месеци и четири години и осум месеци, наведува весникот „Хуриет“.

Децата во мај биле фатени како на улица во Дијарбакир го кинат постерот со ликот на Ердоган. Двајцата се бранеле дека само сакале да го продадат постерот како стара хартија.

– Не обрнувавме внимание кој е на сликата, не знаеме кој е тоа – изјавило во судот помалото од двете деца.

Во декември минатата година едно 17-годишно момче беше уапсено во училница под обвинение дека го навредувал претседателот на државата и потоа во притвор бил задржан неколку дена, за на крајот да добие условна затворска казна од 11 месеци, што предизвика осуда од јавноста. (Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous Србија не го признава договорот за асоцијација на Косово во ЕУ
Next ХРВ: Планот на ЕУ би можел да ја влоши ситуацијата

Слични вести

На 20 јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“ На 20 јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“
1 min read

На 20 јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“

11. Меѓународен џудо турнир „Struga Open 2026“ викендов во Охрид 11. Меѓународен џудо турнир „Struga Open 2026“ викендов во Охрид
1 min read

11. Меѓународен џудо турнир „Struga Open 2026“ викендов во Охрид

Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно

Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.