Денеска прв „Ракија базар“ во Охрид
July 8, 2023

Охрид, 8. јули 2023 (ИНПРЕС) – Денеска во Охрид, кај Долна Порта ќе се одржи првиот „Ракија базар“ во Охрид во организација на здружението Македонски Дестилерии.

Најавено е учество на над 25 семејни дестилерии со преку 50 етикети на квалитетни ракии, вињаци, ликери… Сите излагачи – дестилерии се регистрирани во регистерот на производители.

Настанот е поддржан од Slow Food Ohrid, па со локални специјалитети ќе учествуваат и нивни членови.

Со оглед дека голем дел од дестилериите се и регистрирани семејни винарии, предвидена е дегустација и на вина.

„Ракија базарот“ ќе започне во 16:00 часот.

извор: ИнПрес фото: архива