Дефект на водоводната мрежа во дел од Охрид и во село Пештани
January 28, 2025

Охрид, 28. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Се санираат два дефекти на водоводната мрежа.

– Поради настанати два одделни дефекти на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Стив Наумов“, „Петар Поп Арсов“ и дел од Булевар „Туристичка“ (прв дефект) и село Пештани  (втор дефект), информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Нивни екипи се на терен до целосно завршување со санациите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива