Едукативна работилница за намалување инциденти од небезбедна храна во градинките во Охрид
June 30, 2023

Охрид, 30. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денеска ќе се одржи едукативна работилница на тема „Намалување на инциденти од небезбедна храна во предучилишните установи – градинки“.

Работилницата ја организира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Најавено е обраќање на директорот на АХВ Николче Бабовски, кој ќе учествува на работилницата.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес