Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Езерското ниво продолжува да опаѓа, денес е на само 5 сантиметри над минимално дозволената кота

Езерското ниво продолжува да опаѓа, денес е на само 5 сантиметри над минимално дозволената кота

1 min read
Езерското ниво продолжува да опаѓа, денес е на само 5 сантиметри над минимално дозволената кота

Охрид, 28. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Додека неколку дена Охридското Езеро беше на природната кота од 693,17 м.н.в., водостојот продолжи да опаѓа и се доближува до минимално дозволениот.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на кота од 693,15 м.н.в, што е за 16 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,31 м.н.в) и само 5 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Нискиот езерски водостој предизвика од препознатливиот симбол на градот Охрид, Билјанините извори да не тече вода. Идентична состојба во овој период имаше и изминатите години.

Во Охрид денес прeтежно сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– Ќе продолжи периодот на појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. До средината на неделата ќе се задржи сончево преку денот и релативно топло за овој дел од годината. Во среда ќе има преодна зголемена облачност проследена со појава на повремен дожд, а дневната температура малку ќе опадне, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Македонија повторно нема да учествува на Евровизија
Next Претставата „Кумови“ во четврток повторно на репертоарот на Народен театар Охрид

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.