Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Екипата од РЦСОО „Ванчо Питошески“ со забележителен успех на Меѓународниот натпревар ГАТУС 2024 во Хрватска

Екипата од РЦСОО „Ванчо Питошески“ со забележителен успех на Меѓународниот натпревар ГАТУС 2024 во Хрватска

1 min read
Екипата од РЦСОО „Ванчо Питошески“ со забележителен успех на Меѓународниот натпревар ГАТУС 2024 во Хрватска

Охрид, 8. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипа од РЦСOО „Ванчо Питошески“ од Охрид учествуваше на Меѓународниот натпревар ГАТУС 2024 од областа на угостителско-туристичката струка, што деновиве се одржуваше во Осијек, Република Хрватска.

И овојпат достојно го претставија училиштето и градот Охрид постигнувајќи забележителен успех. На натпреварот учествуваа 12 училишта од поранешните југословенски републики: Охрид (Македонија),  Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Бања Лука и Приједор (Босна и Херцеговина), Белград и Смедерево (Србија), Опатија, Осијек и Сплит (Хрватска), Бар (Црна Гора). 

Охридската екипа освои сребрен медал во категоријата туристички аранжмани, додека бронзени медали во категориите готварство и послужување.

ГОТВАРСТВО – Валентин Матоски – Павел Илијовски – Михаил Гулабовски ментор: Војо Ангелоски

УГОСТИТЕЛСКО ПОСЛУЖУВАЊЕ – Теона Талевска – Контантин Мурговски – Јован Андов ментор: Васил Талевски

ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАН – Петар Ѓорѓиев – Вероника Ѓуракова – Габриела Ѓореска ментор: Марија Ѓорѓиоска

За сите учесници беше организирани едукативни излети во Копачки Рит и презентациско-едукациски центар Тиквеш. Домаќин на следниот натпревар ГАТУС 2025, ќе биде градот Бар, Црна Гора.

За потсетување, минатата година РЦСOО „Ванчо Питошески“ и градот Охрид беа домаќини на овој натпревар, кога се натпреваруваа околу 200 учесници од 15 училишта од земјите од поранешна Југославија. Учениците од нашето училиште освоија два златни и еден сребрен медал. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous „Гастромак и пријателите 2024“: Предавања и мастер класови на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид
Next Ѓоргоски: ДПД „Ентузијаст“ постои веќе две години, најголем проблем е немањето просторни услови во Охрид за чување на опремата

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.