October 30, 2015

Белград, 30.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Двете страни во дијалогот за нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово мора да го применат она што е договорено, изјави портпаролката на Европската комисија (ЕК), Маја Коцијанчич, пренесуваат српските медиуми.

„Сé што е договорено во контекст на дијалогот треба да се примени, без оглед на внатрешните процедури кои не сакаме да ги коментираме“, порачала Коцијанчич во одговор на прашањето за реакцијата на Брисел околу одлуката на Приштина за одложувањето на договорот за Заедницата на српските општини (ЗСО).

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе има сериозен одговор на најавите од Приштина за суспензија на договорот за формирање ЗСО, кој ќе следи во следните неколку дена. (Крај)

извор:Макфакс фото:архива