Охрид, 6. април 2023 (ИНПРЕС) – Електрични столбови со кабли што провиснуваат се честа слика низ охридските улици, парковите и во стариот дел на градот.
Читатели на InPress до нашата редакција испратија фотографии на кои се гледа како кабли висат од столбовите, а на некои иако заштитниот капак е тука, истиот не е соодветно прицврстен. Металните капаци често пати се и мета на неодговорни поединци кои ги оштеуваат за потоа да ги продадат за старо железо.
Како и да е ваквата сосотојба е опасна за граѓаните, а особено за најмладите и под итно мора да се реагира и да се санира.
Граѓаните апелираат до надлежните да се поправат оштетените, а таму каде воопшто нема повторно да се стават заштитни метални капаци на столбовите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес