Охрид, 5. март 2026 (ИНПРЕС) – Делови од Охрид неколку часа без вода.
– Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „АСНОМ“ , „Никола Карев“, „Галичица“, „Карпош Војвода“ и бул.„Туристичка“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Нивни екипи се на терен до целосно завршување со санацијата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
