Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Заборавениот звук“ – концерт во спомен на Климе Садило

„Заборавениот звук“ – концерт во спомен на Климе Садило

1 min read
„Заборавениот звук“ – концерт во спомен на Климе Садило

Охрид, 9. јуни 2023 (ИНПРЕС) – „Заборавениот звук“ е насловен концертот на Чалгија саунд систем, што во спомен на Климе Садило ќе го одржи во Охрид.

Концертот е закажан за 21-ви јуни од 20:00 часот на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Инаку од средината на месец март, виолината од најпознатиот охридски трубадур Климе Садило е изложена во Музеј Куќата на Робевци.

Садило е роден 1881 година во Охрид. Од млада возраст се занимавал со чалгискиот занает. Најпрвин свирел со татко му, а од 1906 година ја оформил својата тајфа „Такамот на Садиловци“, подоцна преименувана во „Охридски трубадури“. Припаѓа на втората, а според некои истражувачи на третата генерација охридски чалгаџии. Во песните што ги изведувале се пеело за старите охридски семејства, правилата и нормите на живеење, традицијата и обичаите, за забранетата љубов, неостварената љубов, како и за идеалите на народот на овие простори и борбата за слобода. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Матурантите утре ќе полагаат втор екстерен испит од државната матура
Next Д-р Бојчески: Исхраната има важна улога во постигнување спортски резултати и одржување добра здравствена состојба на спортистот

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.